РКЕ: Во 2023 година издадени се лиценци за фотонапонски централи со вкупна инсталирана моќност од скоро 399 MW

Facebook
Twitter
Email
Print
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Во 2023 година издадени се лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од скоро 399 MW што претставува раст од над 160 % на инсталираниот капацитет во споредба со 2022 година, кога се издадени 152.2 MW, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ).

„Фасцинантен раст од 160 % на нов инсталиран капацитет за производство на електрична енергија регистрираме за само за една година. Сумираните податоци од РКЕ укажуваат дека енергетската транзиција во 2023 година се случува секојдневно, или секој работен ден имаме нови 1.5 MW вклучени на електро енергетскиот систем во нашата држава. Со ова темпо на нови капацитети на производство на електрична енергија од обновливи извори, енергетската независност е значајно зајакната, односно увозот на струја е намален за една третина“, вели Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Новите енергетски капацитети со вкупен инсталиран капацитет од 551.2 MW што се во функција за само две години може да снабдуваат 175.5 илјади домаќинства.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира