РК Прилеп го организира шестиот по ред турнир „Миле Нешкоски“


Во организација на РК Прилеп денес почнува шестиот по ред меморијален турнир „Миле Нешкоски“, на кој ќе земат учество 5 домашни и 1 странска екипа. Учесници од Македонија ќе бидат екипите на Прилеп, Струга, Тиквеш, Еурофарм Пелистер 2 и Голден Арт и српската Дубочица од Лесковац.

Преставници од екипите положија цвеќе и се поклонија на спомен плочата на Миле Нешкоски поставена пред „Универзалната сала“.

Во овие три ракометни дена ќе се одиграат девет натпревари, а финалето е предвидено в четврток навечер.

Група А: Прилеп, Струга, Тиквеш

Група Б: Еурофарм Пелистер 2, ГА КЛ7, Дубочица

Вторник:

16:00 часот, Свечено отворање на турнирот

18:00 часот, Прилеп – Струга

20:00 часот, Дубочица – ГА КЛ7

Среда:

10:00 часот, Струга – Тиквеш

12:00 часот, ГА КЛ7 – Еурофарм Пелистер 2

18:00 часот, Прилеп – Тиквеш

20:00 часот, Дубочица – Еурофарм Пелистер 2

Четврток

09:00 часот, натпревар за петто место

11:00 часот, натпревар за трето место

13:00 часот, финале

14:30 часот, свечено доделување на награди

Во подигнувањето на дигнитетот на меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски , арбитри на турнирот ќе бидат Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, браќата Илиевски и прилепската судиска двојка Седлоски – Ангелески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира