Родителите на шестмечната Бисера од Прилеп бараат итна помош и реакција на надлежните

Ова е малата Бисера која 6 месеци се наоѓа во Детската клиника во Скопје. На Бисера и било дадена дијагноза „ конгенитална варичела “. Од моментот  на раѓање  Бисера с енаоѓа на детската клиника со нејзина мајка. Нејзините родители неколку пати побарале помош од сите надлежни,  докторите кои ја лекувале, потоа  директорката на клиниката  стигнале и до министерот  Венко Филипче кого го информирале за состојбата на малата Бисера. Родителите  се  пожалија на улосвите во клиниката. Од страна на лекарскиот тим кој ја  лекува Бисера им било кажано дека моментално тоа е капацитетот со кои можат да  обрнат внимание на  лекувањето на Бисера. Во тој момент  родители побарале од директорка  да бидат упатени каде би можела Бисера да с елекува  надвор од Детската клиника бидејќи родители сметаат дека  Бисера не го добива соодветниот третман.

 

 

Мајката дополнително објаснува дека откако се наоѓаат во  клиниката Бисера се здобила со дополнителни бактерии и вируси кои  и ја отежнале состојбата на Бисера.

 

Мајката појаснува дека на 5 деца кои с енаоѓаат на клиниката само една медицинска  сестра водела грижа. Се пожали дека  немаат топла вода за да ги извршат основните  потреби особено во  моменталната ситуација  на  вирусот КОВИД – 19, дополнително појасни дека немаат ниту хигиеничари . Во моментот состојбата на мајката е влошена поради вирус  кој се здобила од малата Бисера а за кои се уште чекаат резултати да им се  каже за каков вирус станува збор.

 

Мајката Александра се пожали дека на моменти е со покачена температура, а додека малата Бисера е симната е на интензивна, состојбата и е стабилизирана.

 

Но, мајката  апелираат да се најде решение за состојбата на  Бисера бидејќи  и  според лекарите  и било кажано дека  Бисера е една од илјада во светот со ретка дијагноза, па поради тоа  родителите на Бисера бараат соодветна нега  и внимание од стручни здравствени лица. Дополнително стравуваат од моменталната состојба во која с енаоѓа целата држава со корона вирусот.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци