„Ролс-Ројс“ го изработува најголемиот авионски мотор на светот

 

„Ролс-Ројс“ соопшти дека започна со производство на најголемиот мотор за авиони во светот.

Моторот наречен „Ултрафан“ има дијаметар од 3,5 метри, а неговата цел е да помогне во редефинирање на одржливиот воздушен сообраќај во наредните години.

Моторот ќе биде 25% поштедлив во однос на првата генерација Трент мотори, а тоа е исклучително важно во намерата да се постигне одржливост во авијацијата. Во текот на првото тестирање на моторот ќе се користи 100% одржливо авионско гориво.

Проектот е поддржан од британската и германската влада, деловите се произведуваат во Бристол, Велика Британија и Далевиц во Германија. Во Бристол се произведува системот од вентилатори од јаглероден титаниум, додека во Далевиц 50MW Power Gearbox, доволно моќен да покренува 500 семејни автомобили.

Моторот ќе биде изработен до крајот на годината.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци