Ротари клубот Прилеп целосно опреми уште две детски градинки со прочистувачи на воздух


Во рамките на проектот „Чистиот воздух стандард во градинките во Прилеп“, Ротари клубот Прилеп целосно опреми уште две детски градинки во градот со вкупно осумнаесет професионални прочистувачи на воздух, опремени со најсовремени филтри, произведени од реномиран производител.

Во оваа прилика прочистувачи за воздух добија градинките „Тризла“ и „Гоце Делчев“. На овој начин, Ротари клубот Прилеп ја заокружува акцијата за целосно опремување со вакви уреди на вкупно четири детски градинки во градот и интенцијата е проектот да продолжи и во наредниот период.

Вкупната вредност на донацијата во сите градинки е околу 16 илјади евра.

Целта е да се обезбеди ниво на суспендирани честици во воздух (ПМ 2.5 и ПМ 10) во градниците на нормалата и да се овозможи децата да дишат чист воздух во градинките кадешто поминуваат поголем дел од денот.

Покрај тоа, прочистувачите обезбедуваат заштита и од вируси, бактерии и алергени, што исто така е многу важно кога станува збор за заштита на здравјето на најмладата популација.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира