Рубенс Корубин и Јове Магдески (постхумно) добитници на Наградата за животно дело, по повод „3-ти Ноември“



Врз основа на член 43 од Статутот на Општина Прилеп (“Службен гласник на Општина Прилеп” бр.6/2003, 4/2005, 11/2008, 9/2019, 5/2021 и 3/2023) и член 4 од Одлуката за востановување на општински награди и признанија број 08-1281/5 од 03.10.1997 година, Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници, на седницата одржана на ден 27.10.2025 година, донесе:

О   Д   Л   У   К   А  за доделување на награди и признанија по повод  „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп

 

Член 1

           Наградата за животно дело, по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп, се доделува на:

  • Рубенс Корубин- основоположник на нео-романтизмот во светски рамки
  • Јове Магдески (постхумно)- особен придонес за фудбалот во Прилеп

 

Член 2

           Награди -плакети  по повод  „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп  се доделуваат на:   

  • МИКРОСАМ ПРИЛЕП – 35 (триесет и пет) години постоење
  • Народен театар ,,Војдан Чернодрински’’-Прилеп– 75 (седумдесет и пет) години постоење
  • НВО ,,Hand Till Hand’’-Кралство Шведска – хуман и општествен ангажман во здравствената заштита
  • Интеракт клуб Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп – млади ентузијасти со вреднување на солидарност и хуманост
  • Здружение на граѓани ИЗВИДНИЧКИ ОДРЕД ФЕНИКС – јубилејно постоење од 10 (десет) години

 

 Член 3

Награди -дипломи  по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп, им се доделуваат на:

  • Елизабета Митреска – за особен придонес во новинарството
  • Петре Кироваков – поет и активист во Здружението на протераните македонци од Егејскиот дел на  Македонија
  • д-р Биљана Консулоска Гвероска – автор на научни публикации од областа на земјоделството, акроекологијата и тутунопроизводството
  • Владимир Ѓорѓиески – репрезентативец на Македонија во билијард

 

Член 4

Одлуката влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во “Службен гласник на Општина Прилеп”.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира