Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (01.05.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на СВР Битола изречени се вкупно 34 мерки за возење под дејство на алкохол, и тоа: 15 на подрачје на Битола, 11 на подрачје на Ресен, 3 во Македонски Брод, по 2 мерки во Прилеп и Крушево и 1 мерка на подрачје на Демир Хисар.