Санирани 2 километри локални улици во Крушево

Вo 2019 година на територија на општина Крушево се санираа над 10 улици во вкупна должина од 2 километри, додека од март 2018 година до денес реконструирани се над 4 километри локални улици.

 

При санацијата на улици јавното комунално претпријатие „Комуна“ имаше голема асистенција од страна на локалните жители за да со санацијата се отстранат проблеми како кал и прашина по кои граѓаните газеле со години.

 

Покрај санацијата на локални улици општина Крушево во 2019 година започна со асфалтирање на патот од Гумење до Крушевско Езеро, се асфалтираше пат до с. Јакреново и се започна со реконструкција на пат до с. Саждево.

 

 

Минатата година општина Крушево работеше на два патни правци од меѓуопштински карактер. Се изгради асфалтен пат од Борино до Житоше (општина Долнени) и општината целосно го реконструираше патот од с. Бучин до .с Воѓани . За двата меѓуопштински патишта локалната самоуправа оствари одлична соработка со градоначалниците на Кривогаштани и Долнени.

 

Изминатата 2019-та општина Крушево аплицираше до Светска Банка за реконструкција на три од поголемите улици во град Крушево и се очекува овој проект да отпочне со реализација на пролет.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци