Светски ден на јаболкото – едно од најпогодните овошја за здрави бели дробови

Facebook
Twitter
Email
Print


Денес е Светски ден на јаболкото.

Македонија е држава која што има идеални услови за одгледување на разни сорти на јаболка. Јаболкото во Македонија зазема 60% од целокупното производство на овошје, а Преспа учествува со околу 90% од тоа производство.

Јаболкото нема голема енергетска и калорична вредност. Тоа е едно  од најпогодните овошја за држење на различни диети.

Најважни состојќи кои се наоѓаат во јаболката, а се корисни за организамот се:

  • растителни влакна и растителни масти
  • витамин А, Б, Ц
  • железо и етерични масла
  • калциум, калиум, натриум, магнезиум, каротин
  • пектин, протеини, сулфур
  • целулоза
  • шеќер (фруктоза и глукоза)
  • олиго елементи

Исхрана

Јаболкото се користи во различна исхрана. Од него се прават слатки, сокови, џемови, јаболков оцет и познатата јаболкова ракија.

Лесно се вари во желудникот, се препорачува да се конзумира свежо, но при подготовка на компоти и други производи од јаболка, да се избегнува неговото долго варење, бидејќи што посвежо јаболкото ги задржува повеќе од своите активни елементи и е покорисно за здравјето. Тоа содржи многу антиоксиданти и е ефикасно против бактерии и вируси, велат експертите.

Јаболкото е навистина делотворно и многу корисно овошје. Се смета дека сите кои редовно го користат јаболкото имаат долг живот здраво тело, а пред се здрави бели дробови.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира