На 14.11.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.
Притоа, биле преземени 62 мерки и тоа 38 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и 24 за пречекорување на брзината надвор од населено место.
Откриени се и 7 други видови прекршоци.
За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.