СДСМ предложи Резолуција против примањето на илегални мигранти во Македонија – ги повикуваат ВМРО ДПМНЕ да ја потпишат

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Група на пратеници предводени од политичката партија СДСМ изготвија Резолуција против примањето на илегални мигранти во Македонија и ги повикуваат пратениците од парламентарното мнозинство предводено од ВМРо-ДПМНЕ да ја потпишат истата.

Резолуцијата ја пренесуваме во целост.

„Врз основа на членот 68 став 2 од Уставот на Република Македонија, како и врз основа на членот 204 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија, тргнувајќи од Уставот на Република Северна Македонија и обврската за заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет, почитувајќи ги универзалните човекови права, Женевската конвенција за статусот на бегалците и Европската конвенција за човекови права,потврдувајќи ја својата стратешка определба за членство во Европската Унија и усогласување со заедничките европски политики за миграција и азил, а имајќи во предвид дека Република Северна Македонија покажа исклучителна солидарност и хуманост за време на мигрантската криза во 2015 година како транзитна земја, ние пратениците ја декларираме вољата на граѓаните и на ден ___________ 2025 година, Собранието на Република Северна Македонија донесе

Р Е З О Л У Ц И Ј А

  1. СЕ ЗАБРАНУВА ПРИФАЌАЊЕ НА ДЕПОРТИРАНИ ЛИЦА ОД ТРЕТИ ЗЕМЈИ,КАКО И ЛИЦА ЗА КОИ Е УТВРДЕНО ДЕКА НЕМА ПРАВНА ОСНОВА ДА ОСТАНАТ ВО ТРЕТИ ЗЕМЈИ – Собранието констатира дека Република Северна Македонија нема да прифаќа изградба на прифатни центри, станови, кампови или „хабови“ наменети за трајно или привремено сместување на мигранти депортирани од други држави (вклучително и Обединетото Кралство), кои немаат потекло од, или директна врска со нашата држава.
  1. СЕ СПРЕЧУВА ТРГОВИЈА СО ЧОВЕЧКИ СУДБИНИ – Се осудува секој обид за третирање на барателите на азил како предмет на финансиски трансакции помеѓу државите. Северна Македонија нема да биде дел од договори каде финансиската помош или инвестициите се условени со преземање на мигранти. Северна Македонија нема да прифати финансиски надомест или договор со ниедна држава во однос на преземање на мигранти. Тоа е спротивно на нашето достоинство како држава и спротивно на хуманиот третман на луѓето кои бегаат од војна и прогон.
  1. СЕ КОНСТАТИРА ДЕКА ДРЖАВАТА НЕМА КАПАЦИТЕТИ И СОЦИЈАЛНА КОХЕЗИЈА – Државата не располага со социјални, економски и безбедносни капацитети за да стане центар за процесирање на азил за потребите на други, далеку побогати држави. Прифаќањето на таков товар би ја загрозило стабилноста и би предизвикало несогледливи последици за внатрешната социјална кохезија.4. УСОГЛАСЕНОСТ СО ЕУ, А НЕ БИЛАТЕРАЛНИ ЕКСПЕРИМЕНТИ – Северна Македонија ќе ги следи и спроведува исклучиво заедничките политики на Европската Унија за миграција.
  1. ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТНОСТ Собранието ја задолжува Владата веднаш да ги прекине сите евентуални преговори од ваков тип и во рок од 3 дена да достави целосен извештај до пратениците за сите комуникации остварени со Владата на Обединетото Кралство или други субјекти на оваа тема.
  1. ПОВИК НА ЕДИНСТВО Ова прашање е надпартиско и се однесува на иднината на државата. Собранието ги повикува сите политички чинители да се обединат околу овој став, штитејќи го достоинството на македонските граѓани, но и угледот на државата како субјект кој почитува правила, а не територија за туѓи експерименти.
  1. Оваа резолуција ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија“.“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми