СДСМ Прилеп бара вонредна седница на Советот – Дали Прилеп е една од дестинациите за сместување на мигранти?

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Советничката група на СДСМ и Коалицијата до претседателката на Совет на општина Прилеп поднесе барање за одржување вонредна седница со единствена точка на дневниот ред:

  • Информација за можно згрижување на одбиени баратели на азил од Велика Британија во Република Северна Македонија, т.е. нашата општина.

„Причина за барањето, е можноста за прифаќање на одбиени баратели на азил од Велика Британија од страна на нашата земја. Повод повеќе за поднесеното барање за вонредна седница на општинскиот Совет, е вчерашната средба на градоначалникот Дејан Проданоски со амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Метју Лосон, а на која присуствувале и претседателката на Совет на Општина Прилеп, како и двајцата прилепски пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание. Логичното и легитимно прашање кое се наметнува после оваа средба, е дали општина Прилеп е една од дестинациите за сместување на мигранти?“, прашуваат од СДСМ Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира