Владејачкото мнозинство на ДПМНЕ во Советот на Општина Прилеп денеска го одби предлогот на СДСМ и коалицијата за доделување еднократна парична награда во висина од една месечна плата за пожарникарите од ТППЕ Прилеп, кои деноноќно се бореа со огнената стихија во Мариово и со својата пожртвуваност дадоа огромен придонес во заштита на животот и имотот на граѓаните и спречија ширење на пожарите и настанување уште поголеми штети, Соопштија од СДСМ Прилеп.
„Исто така, советниците на ДПМНЕ во Советот на Општина Прилеп не го прифатија предлогот на СДСМ и коалицијата за донесување одлука за финансиска помош од 7.500.000 денари за штетите настанати од големото невреме кое на 24 август го зафати атарот на селата Мажучиште, Мало и Големо Коњари, а кое нанесе огромни штети врз земјоделските култури.
Толку од „грижата“ на локалната власт на ДПМНЕ за пожарникарите, земјоделците и граѓаните на општина Прилеп!“, велат од СДСМ Прилеп.