Секојдневие во голема беда и мизерија – руски рулет од живот во куќа која секој момент може им урне на главите

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Живот под секое човечко достоинство. Куќата може да се урне врз нив буквално во секој момент, нема ѕид, дел од таван или под каде што нема дупки. Дува од сите страни, а кога врне влегува вода од секаде. Живеат во вистинска беда и мизерија. Ова вака со години е т.н. живот на Целе Ангелевски и неговата мајка Викторија во крушевското село Врбоец. Живеат само со 20-тина илјади денари пензија и социјална помош, а Целе не може ниту да работи бидејќи мајка му веќе една година е комплетно неподвижна и мора да се грижи за неа.

„Со 22-23 илјади денари што може човек да направи, ништо не може да направи. За работа не можам еве гледате мајка ми е во кревет. За основни услови за капење немам ништо. Ни купатило ни ништо немам. Од време на време кога има физиолошка потреба носам тука во собата пластични кантичиња. Во другата соба ѕидот е падната веќе 3 години. Сега ако се може нешто да се помогне, да се реновира куќава, вака не можеме да живееме“, рече Целе Ангелевски, жител на с. Врбоец.

Се обидел мајка му да ја смести во домот за стари лица во Прилеп, но му недостасувале пари. А за жал истата е два пати одбиена од комисијата за доделување на нега.

„Бев јас со еден таксист ме однесе и прашав како што е, ми рекоа дека за сместување ќе ми требаат 18.500 денари, ако носи памперси плус и нив си ги купавме и плус сите останати лекови си ги купуваме и што така ако направам што ќе остани за мене, ништо“, додаде Ангелевски.

Им помагаат само две жени од селото кои доаѓаат тука.

„Крајно во нехумани услови живеат, како што гледате и сами, жената е неподвижна, немаат основни услови за живот, со секој дожд, со секое невреме значи куќата може да им падне. Доаѓаме со пријателката ги посетуваме, колку што можеме им помагаме“, вели една нивна соседка која често ги посетува и им помага.

 

„Во лоша состојба е жената, куќата се распаѓа, ако може некој да помогне ќе направи добро“, додаде другата соседка, која и таа често ги посетува и им помага.

Ангелески бараат секој добронамерен граѓанин или компанија кои сакаат да помогнат да ги исконтактираат на овој телефонски број или да донираат на оваа жиро сметка

  • Жиро Сметка: 240207113287342 УНИ БАНКА
  • Тел. за контакт: 077-393-824

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци