Секој што ќе излезе надвор од државава нема да може да се врати 3 месеци

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Секој граѓанин кој ќе реши да излезе од државата ќе мора да потпише изјава дека три месеци нема да може да се врати назад. Ова е заклучок донесен на денешната владина седница што го соопшти премиерот Оливер Спасовски.

 

Тој апелираше до граѓаните во овој момент да ги одложат патувањата и да не му пркосат на вирусот.

 

„Државата има капацитети, имаме планови за оваа ситуација. Мора да има разбирање од сите граѓани и мора да се знае дека тоа што се дава како мерка, мора да се почитува. Ова не е состојба во која некој ќе може да избира“, истакна Спасовски.

 

Министерот за надворешни работи Никола Димитров синоќа кажа дека 1.331 граѓанин ја напуштиле државата претходните 24 часа.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира