Започнавме со реализација на проектот за поставување на технички средства за забавување на сообраќајот („легнати полицајци“), на околу 20 локации низ општина Прилеп, каде што постои потреба од дополнителни мерки за заштита и поголема безбедност на граѓаните, информираат од Општина Прилеп.
„Проектот се спроведува преку Министерството за транспорт, во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта, со финансиска поддршка од Светска банка. Наш приоритет останува безбедноста на сите учесници во сообраќајот! Со вакви конкретни инфраструктурни зафати создаваме побезбедна сообраќајна средина и услови за поквалитетно секојдневие во секоја населба во општина Прилеп“, потенцираат од општината.