Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 38 нови случаи на коронавирус, а 13 лица оздравеле од заразната болест.
Од последици на коронавирусот, починаа две лица на 75 и 78-годишна возраст.
Бројот на активни случаи изнесува 237, од кои 201 се наоѓаат на домашно, а 36 на болничко лекување.
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 594 лица.