„СИТЕ ВО ПРИРОДА“ – планинарски настан во организација на ПСЗ „Козјак“ од Прилеп

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Планинарското Спортско Здружение „Козјак“ – Прилеп, на ден 05.04.2026 (недела), организира голем планинарски настан „СИТЕ ВО ПРИРОДА“, поддржан од Општина Прилеп, а во соработка со основните и средни општински училишта.

Ова е одлична можност учениците, наставниците и граѓаните заедно да излезат во природа, да се дружат, да пешачат и да ја почувствуваат убавината на планината.

Настанот има за цел да ја поттикне љубовта кон природата, здравиот начин на живот и заедништвото помеѓу младите.

СОБИР: 08:00 – 08:30 часот

ПОЧЕТНА ТОЧКА: ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп

ПОДАТОЦИ ЗА ТУРАТА:

Рута: ООУ „Гоце Делчев“ – Топташ – карпа „Момата“ – манастир „Св. Димитрија“ (с. Селце) – Народен Театар „Војдан Чернодрински“

Должина на турата: 10 км

Тежина: лесна (погодна за сите возрасти)

Обезбеден е ручек (планинарско гравче) за сите учесници во манастирот „Св. Димитрија“ – с. Селце.

Подгответе ги ранците и доброто расположение – нè очекува ден исполнет со движење, дружење и позитивна енергија!

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци