Соборот на СПЦ го одобри канонското единство со МПЦ-ОА

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Соборот на Српската православна црква (СПЦ) денеска го одобри канонското единство на СПЦ со Македонската православна црква, односно со Охридската архиепископија, објави српскиот портал Блиц, повикувајќи се на високи црковни извори.

Очигледно, сега е веќе решен долгогодишниот црковен спор кој датира уште од 1967 година, кога МПЦ-ОА се одвои од СПЦ и влезе во раскол.

Пред ваквата одлука на Соборот, обновени беа разговорите и преговорите помеѓу српскиот патријарх Порфирил со претставниците на МПЦ-ОА на чело со архиепископот г.г. Стефан, а кои беа водени во најголема тајност во Ниш.

По цели 20 години, откако на 17 март 2002 година беше постигнат Нишкиот договор меѓу Српската православна црква и МПЦ, на истото место за време на првомајските празници повторно беше воспоставена официјална комуникација.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира