На 23 мај 2026 година, на Филозофскиот факултет во Скопје, во организација на ЗИРМ, ученичката Анастасија Андова повторно го потврди својот талент и знаење, освојувајќи го првото место на државниот натпревар по историја.
Под менторство на професорот по историја Зоран Трпчески, таа втора година по ред се закити со титулата државен првак, што претставува голем успех и гордост за училиштето и локалната средина.
Овој значаен резултат е доказ дека посветената работа, трудот и љубовта кон науката носат врвни достигнувања. Иако училиштето е едно од најмалите во државата, уште еднаш покажа дека поседува квалитет, знаење и капацитет рамноправно да се носи со најголемите училишни центри во Македонија.
Успехот на Анастасија Андова претставува инспирација за сите ученици и потврда дека со упорност, поддршка и добра менторска работа можат да се достигнат највисоки резултати.



