Со грант од Шпанија ќе се прави студија за пловечки фотоволтаици за системите за наводнување

Facebook
Twitter
Email
Print
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Со грант вреден 765.158 евра од Кралството Шпанија, земјава ќе изготувува студија за поставување пловечки фотоволтаици, кои ќе обезбедуваат електрична енергија за пумпните станици на АД „Водостопанство“, со цел да не се дозволи да дојде до поскапување на водата за наводнување што ја користат земјоделците.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со амбасадорот на Кралството Шпанија, Хозе Луис Лозано Гарсија и претставници на фирмата консултат “Глобатек” го потпишаа договорот за реализација на овој значаен капитален проект во делот на наводнувањето на земјоделското земјиште.

Реализацијата на проектот ќе биде во три фази. Со првата ќе се идентификуваат локациите за поставување на фотоволтаиците, втората е за концептотот, дизајнот и физибилити студијата, а трета ќе биде фаза на поставување на фотоволтаичните системи.

„Употребата на ваквата технологија, со поставување на пловечки фотоволтаици, веќе се користи во неколку земји од Европа, како на пример Шпанија и Белгија, а изведените пловечки соларни постројки се главно искористени во Секторот за наводнување и управувани од соодветните организации за наводнување, што му овозможува на земјоделскиот сектор да биде независен и поодржлив“, истакна министерот Николовски.

Производството на струја преку фотоволтаиците треба да помогне да се намалат трошоците за струја на АД „Водостопанство“ за пумпните станици. Цената на струјата последните две години многу се зголеми, па за да не се зголеми цената на водата како услуга што им се дава на земјоделците, производството на оваа енергија ќе се користи како компензација на струјата, односно за цената на водата да остане непроменета.

Според министерот Николовски, нема стабилно земјоделство без стабилен систем за наводнување, а вложувањето во водоснабдителни капацитети е еден од клучните приоритети на МЗШВ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци