Со изложбата на дела од ликовната колонија Дрен 2024, ЦК „Марко Цепенков“ ќе одбележи 45 години постоење

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

На 14.11.2024, четврток од 18.30 часот во ликовниот салон или фоаје од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложбата на дела од ликовната колонија Дрен 2024.

На изложбата ќе бидат претставени 30 дела од уметници од земјава и од странство кои твореа на 16 – та колонија „Марко Цепенков – Дрен 2024“ која се одржа од 8 до 13 август 2024 година.

„И годинава уметниците работеа на слободна тема и создадоа нови уметнички дела што ќе бидат дел од богатата збирка на Центарот. Посетителите ќе можат да ги видат делата од Петја Ѓеоргиева од Бугарија, Небојша Станков, Среќко Здравковиќ, Јована Ѓуриќ, Немања Вучковиќ, Милица Алимпиќ Илиќ од Србија, Радица Лелова Докузовска, Александар Таневски, Светлана Попова, Суарта Луфи, Ангел Коруновски, Валентина Стеваноска и Слободан Милошески од Македонија и прилепчаните Тони Чатлески, Марјан Стојаноски, Столе Дурланов и Никола Димески. Колонијата се реализираше со финансиска поддршка на Министерството за култура и туризам“, велат од ЦК „Марко Цепенков“.

Со отворањето на изложбата и концерт на ФИА ТРИО, ЦК „Марко Цепенков“ ќе одбележи 45 години од своето формирање.

Овој роденденски месец веќе се реализираа десетина концерти, а следуваат уште концертот на октет Прилеп (15.11), концертот „Пијан славеј“ (на 20.11.), проекција на филмови, изложби, театарски претстави и одбележување на 70 години од издавањето на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира