Со чин на положување цвеќе беше одбележан почетокот на 11-тиот Меморијален турнир „Миле Нешкоски”. На настанот присуствуваа семејството на Миле Нешкоски, претставници на Општина Прилеп, РК Прилеп 2010, РК Деспина, РК Младост, како и поранешни ракометари и бројни љубители на ракометот.
Турнирот свечено го отвори генералниот секретар на РК Прилеп, Рубин Седлоски, по што следеше интонирање на химната на Република Македонија.
Турнирот започнува денес во 18:00 часот – приклучете се и дојдете да ја поддржите вашата екипа!







