Со 84 гласа „за“ усвоени измените на Законот за енергетика кои треба да го спречат поскапувањето на струјата

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Синоќа во Собранието по скратена постапка беа изгласани измените и дополнувањата на Законот за енергетика поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. Измените беа усвоени со 84 гласови „за“.

Пратениците на СДСМ најавија дека ќе го поддржат законот и кажаа дека тој е продолжение на добрите политики на минатата влада, нешто за кое од ВМРО-ДПМНЕ не се сложија.

Со измените, наместо маржа од 11,5 отсто ќе се наплаќа маржа од 9,9 проценти. Со тоа од 1 јули треба да нема поскапување на струјата, односно тоа да биде минимално.

„Не очекувам да има зголемување на струјата за првата и втората категорија или тоа да биде минимално под еден процент што е двојно помало од инфлацијата“, кажа премиерот Христијан Мицкоски.

Новата цена на струјата треба да се пресметува од први јули. Одлуката треба да ја донесе Регулаторната комисија за енергетика на утрешната седница.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми