Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски синоќа бил хоспитализиран на Инфективната клиника поради покачена телесна температура.
Ова денеска го потврди министерот за здравство Венко Филипче, кој истакна дека здравствената состојба на Спасовски е стабилна, тој има покачена температура, но нема сериозни проблеми.
За потсетување, министерот во понеделникот доцна навечер на својот фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирус.