Спектакуларно спасување и извлекување на повредени лица од 13-катницата

Спелеолошкиот клуб „Златоврв“ – Прилеп во сабота на 23.11.2019г. ќе врши технички тренинг (вежба) – спуштање и извлекување на лица од висококатната зграда „Кула 13- катница“ во Прилеп. Активноста опфаќа користење на техниките на единечно јаже (single rope techniques), традиционално користена при спелеолошки активности и спасувања во пештери, и нејзина примена во урбана средина.

 

„Целта е увежбување на нашиот тим за подготвеност за спасување / извлекување лица од слични објекти (непристапни локации во урбана средина), за што техниките на единечно јаже се најсоодветни. Вежбата е дел од активностите на СК Златоврв – Прилеп за подобрување на подготвеноста за спасување на лица од непристапни средини“, велат од Спелеолошкиот клуб „Златоврв“ – Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци