Средба на претседателот на општинскиот Совет Миле Талевски со заменик шефот на Мисијата на ОБСЕ

Претседателот на Совет на општина Прилеп,Миле Талевски, денеска се сретна со Џеф Голдстајн, заменик шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

 

На средбата беше разговарано за тековните проекти на локалната самоуправа, како и за долгорочните и краткорочните планови кои Општина Прилеп планира да ги реализира. Г-нот Голдстајн уште еднаш ги посочи клучните приоритети на Мисијата на ОБСЕ во нашата држава, а кои се однесуваат на анти-дискриминацијата, образованието, младите, правичната застапеност, како и мониторирањето и спроведувањето редовни посети на локалните заедници.

 

И Талевски и Голдстајн потенцираа дека институциите кои тие ги претставуваат, и понатаму ќе ги застапуваат интересите на граѓаните и локалната заедница.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци