ССМ најави протести – бараат покачување на сите плати

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Сојузот на синдикати на Македонија најави масовни протести на работниците на 28 јануари, со можност тие да прераснат и во генерален штрајк доколку не се постигне договор за зголемување на платите. Од ССМ порачуваат дека фокусот не смее да остане само на минималната плата, туку дека е неопходен раст на сите плати, како директен одговор на континуираниот раст на трошоците за живот.

Според синдикатот, реалноста со која се соочуваат семејствата е сè подалеку од статистиките. Платите стагнираат или растат симболично, додека основните животни трошоци – храна, енергенси, домување – постојано се зголемуваат. Само во јануари, минималните трошоци за едно четиричлено семејство се зголемени за 921 денар, што дополнително го продлабочува јазот меѓу примањата и реалните потреби.

„Време е да се избориме за достоинствени плати. Ги побикуваме работниците да ни се приклучат затоа што сега е шансата да покажеме дека не само на неколку им е потребно зголемување на платата. Седејќи дома покажувате дека нема потреба за зголемување на платите. Време е работмиците да сфатат дека само заедно можеже да се избориме“, вели претседателот на ССМ, Слободен Трендафилов.

Од ССМ предупредуваат дека зголемувањето на минималната плата, без усогласување на останатите плати, создава нови неправди и ја нарушува платната структура. Разликите меѓу квалификуван и неквалификуван труд се бришат, а работниците со години искуство остануваат со плати што не ја следат инфлацијата. Во такви услови, растот на сите плати не се гледа како луксуз, туку како нужност. Затоа барањата на ССМ се зголемување на минималната плата на 600 евра, а за истата разлика зголемување и на останатите плати.

Синдикалните анкети покажуваат дека незадоволството меѓу работниците е широко распространето и дека подготвеноста за протест е висока доколку институциите и работодавачите продолжат да го игнорираат проблемот. Протестите, како што порачуваат од ССМ, не се политички инструмент, туку средство за притисок во борбата за достоинствен живот и фер плати.

Најавата за масовни протести доаѓа како јасен сигнал дека социјалното трпение е при крај. Во земја каде што трошоците за живот растат побрзо од платите, прашањето за работничките примања одамна не е само економско, туку директно егзистенцијално.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми