Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Објектот на Општина Долнени, во селото Долнени, каде до пред неколку години се наоѓаше административната зграда на локалната самоуправа, е оставен во катастрофална состојба. Овој објект изграден со народни пари, се распаѓа, обраснат е целиот со треви, а дворот е претворен во вистински змијарник.
Преполн со ѓубре и разни општински возила кои во моментов не се користат и се оставени да се уништуваат. Тука може да се забележат возила за собирање на смет, противпожарно возило и каросерии на разни автомобили.
Граѓаните се жалат и прашуваат како може никој да не одговара за ваквата состојба во која се наоѓа зградата и бараат општината да се врати повторно назад каде и си беше со децении, во селото Долнени, а не како сега во селото Ропотово.