Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, веднаш по потпишувањето на Пристапниот протокол во Брисел се огласи со порака дека денес е историски ден и дека го очекува денот кога пред седиштето на НАТО ќе се веат 30 знамиња.
„Денеска е историски ден. Сите НАТО сојузници го потпишаа Пристапниот протокол со Македонија кој што ќе донесе повеќе безбедност и просперитет за целиот регион. ГО очекувам декнот кога 30 знамиња ќе се веат пред седиштето на НАТО. Честитики!“, напиша Столтенберг.
Тој им оддаде признание на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за „покажаната голема храброст при решавањето на спорот за името“.
Столтенберг изрази надеж дека процесот на ратификација на Протоколот во националните парламенти ќе се одвива брзо. Проценките се дека ќе бидат потребни најмалку девет месеци до полноправното членство на Северна Македонија во Алијансата.