Субвенции за занаетчиите со 40% од трошоците, до максимум 200.000 денари за барател

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Министерството за економија и труд ќе ги субвенционира занаетчиите преку кофинансирање на 40 проценти од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000 денари за барател, направени зa набавка на нови машини или алати и дизајн на нов производ. Заменик министерот за економија Марјан Ристески, денеска од Охрид, најави дека крајниот рок за аплицирање за субвенциите е 1 октомври.

Занаетчиите имаат потреба од поддршка со цел да се зачуваат дефицитарните занаети и занаетите во изумирање. Во таа насока, Министерството за економија и труд работи и ќе понуди мерки за поддршка кои ќе дадат резултати и ќе значат развој и промоција на претприемништвото и занаетчиството“, истакна Ристески.

Заменик министерот за економија дека освен со занаетчиите остварил средба и со хотелиерите, а ја посетил и фабриката „Костал“.

Поразговаравме за актуелните состојби, идните планови, предизвиците и проблемите со кои се соочуваат и се обврзавме за заедничко креирање на стратегиите, како и за изнаоѓање решенија за подобрување на состојбите. Недостатокот на работна сила, сивата економија и нелојалната конкуренција се основните проблеми кои хотелиерите ги истакнаа како кочница за развој на туризмот. Се обврзав за реална категоризација на капацитетите (што до сега не беше случај) и поефективно издавање на Решенијата за категоризација. На средбата пак со генералниот директор на Костал Македонија – Виктор Мизо, разговаравме за тековната работа на компанијата, идните планови, како и состојбите на светскиот пазар и влијанието на овие трендови на нивната работа. Костал е пример за тоа како странските инвестиции можат да донесат значителни придобивки за економијата и развојот на целата држава“, рече Ристески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци