Татко и син нападнати во нивниот дом, се пукало и во воздух

 

 

Татко и син синоќа во нивниот дом во Прилеп биле физички нападнати од негови познаници.

 

„Синоќа во 22.30 часот во ОВР Прилеп, Р.Р. (45) од Прилеп пријавил дека во неговиот дом на ул. „Дебарца“ во Прилеп, по претходна расправија, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу пријавителот и неговиот син И.Р., од една страна и И.В. и Е.Н., од друга страна, со кои пријавителот се познавал, по што во еден момент И.В. извадил пиштол и испукал во воздух“, информира Министерството за внатрешни работи.

 

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци