Телекомуникацискиот оператор Оне.Вип е во целосна сопственост на Телком Австрија откако оваа компанија ги докупи преостанатите 45 отсто од акциите на македонскиот оператор од Телеком Словенија, објави словенечката компанија на берзата во Љубљана. Акциите се купени за 120 милиони евра.
Во октомври 2014 година членката на групацијата Телеком Словенија, Оне Дооел Скопје потпиша договор за спојување со ВИП оператор, член на групацијата Телеком Австрија. Една година подоцна Телеком Словенија и Телеком Австрија добија одоборние од македонската Антимоноплската управа за спојување на Оне и Вип во една компанија. Телеком Словенија во тој момент стана сопственик на 45 проценти, а Телеком Австрија на 55 проценти од акциите од новата компанија Оне.Вип. Договорот, исто така, вклучуваше опции за купување и продажба, за излегување на Телеком Словеније од заедничката компанија во рок од три години од затворањето на спојувањето.
Доминантен сопственик на Телеком Австрија е Америка Мовил, компанија на Мексиканецот Карлос Слим, еден од најбогатите луѓе на светот. Таа претставува водечки комуникациски провајдер во Централна и Источна Европа со околу 23 милиони корисници на пазарите каде што работи.