
Во петок на 26 септември, од 9 до 14 часот во просториите на КПД Прилеп ќе се одржи веќе традиционалната крводарителска акција во чест на празникот Крстовден кој што е ден на затворските работници, како и чест на прерано починатите колеги Деан Конески, Мице Чапкуноски и Мартин Димески. На акцијата може да се приклучат вработените во казнено поправен дом и сите крводарители однадвор кои ќе сакаат да даруваат крв.