„Трансверзалец“: Доставени информации до надлежните институции

Facebook
Twitter
Email
Print

Планинарскиот кулб „Трансверзалец“ изрази сочувство за загинатите планинари Калина Велевска и Александар Миновски. Од таму објавија дека доставиле информации до надлежните институции и дека утре клубот ќе има изјава за медиумите.

 

„Со жалење и неизмерна тага изразуваме сочувство за прерано изгубените животи на нашите Калина и Александар. Тие беа дел од нашата заедница и клубот и ќе им недостигаат на сите членови и планинари. Уште еднаш искрено сочувство до нивните семејства и блиски. Двајцата другари и колеги планинари ќе ни недостигаат бескрајно и секогаш ќе се сеќаваме на убавите спомени од сите наши заеднички акции. Почивајте во мир, другари“, стои во соопштението од „Трансверзалец“.

 

Дополнително, наведуваат од „Трансверзалец“, во врска со официјалниот извештај, клубот ги достави сите потребни информации до соодветните институции и ќе излезе со изјава в петок по завршувањето на истрагата и објавување на извештајот.

 

Претходно родителите на загинатите планинари побараа одговорност од клубот и изразија сомневање во професионалноста на организаторите на турата.

 

Смртта на Калина и Александар ќе ја истражува и Федерацијата на планинари. Формирана е посебна комисија која треба да ги утврди околностите под кои се случил трагичниот настан.

 

Двајцата планинари загинаа викендов на Кајмакчалан на планината Ниџе по пад во бездна. Тие биле дел од група од 50-ина планинари. Најверојатно, починале од хипотермија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци