
Членките на здружението „Преродба“ од Прилеп годинава го освоија третото место на Страчинарскиот карневал во Мокриево, каде учествуваа 16 маски од Македонија и Бугарија. Годинава тие настапија со маската „Го пратиле дедо в планина“. Членките на „Преродба“ секоја година учествуваат на овој Карневал повеќе од 10 години и ова не е нивна прва награда.