Три возила се судрија во Прилеп – едно лице е тешко повредено

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

На 29.07.2026 во 14:45 часот во ОВР Прилеп бил пријавено дека на крстосница од ул.„Тризла“, ул.„Горан Миноски“ и ул.„11 Октомври“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од З.Б.(52) од Кавадарци, товарно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(39) од с.Мало Коњари, прилепско и патничко возило „сузуки“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(27) од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „фолксваген“ З.Б., констатирани во Градска болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци