Три лица загинаа, а петмина се повредени кај тунелот Катланово откако се преврте комбе на автопатот Скопје кон Велес. Несреќата се случила попладнево во 17:45 соопштија од МВР. Повредените се префрлени во болница. Дежурниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и увидните екипи на МВР вечерва вршат увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа.

Повикан е ѝ сообраќаен вештак за утврдување на причините. Меѓу првите кои укажале помош биле две екипи на Брза помош од Скопје и една од Велес. Допрва ќе се утврдуваат околностите и точните причини за оваа стравична несреќа.
На автопатот се создадоа огромни колони поради блокирање на сообраќајот, а возилата се пренасочуваат по стариот пат од Петровец до Велес. На располагање е и опцијата Миладиновци – Свети Николе – Штип – Велес.