Три нови заболени и еден починат пациент од Прилеп од Ковид 19

 

 

Три нови заболени и еден починат пациент од Ковид 19 е црниот баланс во Прилеп во последните 24 часа. Со тоа вкупниот број на заболени се искачи на 75, додека 2 лица починаа поради коронавирусот.

 

На ниво на држава пак, во изминатото деноноќие се потврдени 26 нови случаи на Ковид 19 и со ова бројот на заболени во земјата се искачи на 854 дијагностицирани пациенти.

По градови:

-Скопје – 4
-Куманово – 11
-Прилеп – 3,
-Тетово – 4
-Велес – 2
-Кочани – 1
-Пробиштип – 1

 

Денеска во Штип се регистрирани 3 оздравени пациенти од Ковид-19, кои со лесна форма на болеста се лекуваа во домашни услови.

 

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 4 пациенти; пациентка од Скопје (79г), пациент од Велес (58г), пациент од Прилеп (67г) и уште еден пациент од Скопје (63г).

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира