Уапсени двајца македонски државјани во Италија за шверц на дрога

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Италијанската полиција уапсила двајца македонски државјани, едниот од нив без дозвола за престој во оваа земја, за недозволена трговија со наркотични средства.

Повикувајќи се на италијанската полиција, Топ чанел пренесува дека од запленетите 680 килограми хашиш и марихуана, дури 600 килограми биле откриени во камион натоварен со струготини, со кој управувале македонските државјани. Кај едниот од нив пронашле и пиштол „магнум“ наполнет со куршуми.

Останатите 80 килограми се откриени во автомобил, подготвен за транспорт, во кој биле двајца албански државјани, кои исто така се уапсени. Освен дрогата, во акцијата се запленети оружје и 3.300 евра.

Во интерес на истрагата не се наведува идентитетот на уапсените, чија база била во магацин до трговски објект.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми