На 05.08.2022 година во 22.05 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица Битола на ул.„Македонски Гемиџии“ лишен е од слобода Е.Б. (32) од Прилеп. Тој бил затекнат при вршење на кривично дело „тешка кражба“ од објект на правно лице.
Е.Б. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.