УКИМ одбележува 70 години од основањето

Facebook
Twitter
Email
Print

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска со повеќе активности ќе ја одбележи 70-годишнината од основањето и 24 Мај, Денот на светите Кирил и Методиј и патрониот ден на Универзитетот.

 

Во универзитетскиот кампус ќе има молебен посветен на браќата просветители, со кој ќе чиноначалствува архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Делегации ќе положат цвеќе пред споменикот на Кирил и Методиј на универзитетскиот кампус, а потоа во аулата на Ректоратот ќе биде промовирана монографијата „Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје 1949 – 2019“. Ќе им бидат доделени награди на најдобрите студенти на УКИМ.

 

Свечената академија ќе се одржи од 20 часот во зградата на Филхармонија, каде се предвидени обраќања на ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски и премиерот Зоран Заев.

 

Ќе настапи хорот „Драган Шуплевски“ и Симфонискиот оркестар на Факултетот за музичка уметност по диригентство на Сашо Татарчевски и Борјан Цанев.

 

Предвидена е и проекција на филмот за 70-годишниот развој на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

 

Влезот на свечената академија е слободен.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци