ВИДЕО: Уметничкиот хепенинг на Ротари клубот од Прилеп

По повод празникот „3-ти Ноември“, по 7-ми веќе традиционален пат, Ротари клубот од Прилеп го одржа својот хуманитарен уметнички хепенинг. Младите уметници од клубот пред домот за култура „Марко Цепенков“ ги цртаа своите дела. Настанот го посети градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски кој ја поздрави оваа хуманитарна акција на Ротари клубот.

 

 

„По повод празникот „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп во 1944 година, денеска Ротари клубот од нашиот град го одржува овој уметнички хененинг. Сакам да истакнам дека јас како градоначалник ја поздравувам и поддржувам оваа акција. Клубот успешно работи многу години и има направено голем број донации. Се надевам дека овие акции ќе продолжат и во иднина“, рече Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

Делата од овој уменички хепенинг ќе се продаваат, а средствата ќе бидат донирани за основното училиште во населеното место Заполжани.

 

„Чест и задоволство ми е да поздравам овој 7-ми по ред уметнички хепенинг на Ротари клубот кој што се одржува по повод нашиот празник „3-ти Ноември“. Средствата собрани од оваа донација годинава ќе се донираат за основното училиште во населеното место Заполжани. Мотото на Ротари е дружење и помагање на општеството и заедницата каде живееме. Годинава славиме 10 години од постоењето на нашиот клуб и во месец април ќе се одржи свеченост на која ќе се продаваат овие дела“, изјави Бранко Јованоски, претседател на Ротари клубот од Прилеп за 2017 и 2018 година.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци