Утре блокада на Прилеп-Градско кај Заполшки мост поради францускиот предлог


Блокадите и протестите од Скопје се селат и во другите градови и делови на Македонија. Како револт и неприфаќање на францускииот предлог, на социјалните мрежи веќе наголемо се шири информацијата дека утре, петок, 8 јуни, од 13 до 14 часот ќе биде блокиран патниот правец Прилеп-Градско кај месноста Заполшки мост. Освен на Плетвар блокади ќе имало и на регионалниот пат Штип-Велес и регионалниот пат Струмица-Радовиш. Во Скопје пак блокади ќе има пред Собрание и пред Влада. Останува утре да се види што точно ќе се случува. Инаку блокадите ги најави и Ивица Боцевски.

„Од овде сакам едно да им порачаме дека нашата последна црвена линија е Уставот и затоа ќе ве замолам сите заедно од овде да му порачаме на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Димитар Апасиев лидерот на Левица, Љупчо Димовски лидерот на СПМ, Иван Стоилковиќ лидерот на ДПС и јасно да им кажеме вие и вашите пратеници се последниот бедем на македонскиот народ и македонската државност. Утре ќе имаме блокади низ целата држава. Блокадите ќе почнат во 13 часот, ќе ја блокираме цела Македонија додека нашите храбри пратеници се борат во Собранието за нашите интереси за одбрана на македонскиот јазик, народ и држава“, посочи Боцевски.

Протестите денеска во Скопје, кои се одвиваат веќе 6-ти ден, поминаа мирно и без инциденти. Граѓаните бараат итно отфрлање на францускиот предлог за кревање на бугарското вето и деблокада на македонските евроинтеграции. Граѓаните бараат и оставки од Владата која, како што велат, ја доставила срамната преговарачка рамка до Собранието.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи