УХМР агрометеоролози: Врнежите добредојдени за земјоделството

Facebook
Twitter
Email
Print

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Влажниот бран што ја зафати земјава не е доволен за целосно решавање на проблемот со сушата, но е добредојден за земјоделството, велат агрометеоролозите од УХМР.

Според нив, временските услови се повеќе од посакувани за земјоделците, за почнување на подготовките на површините за претстојната есенска сеидба кои доцнат пред се поради недостигот на влага во почвата.

Изминатите денови најмногу наврна во Скопје, Прилеп и Гевгелија, околу или над 30 литри на метар квадратен, во Струмица, Берово и Битола под 20 литри, додека на останатите места под 10 литри. Најзагрижувачка е состојбата во Овче поле и Штип каде беа забележани најмалку врнежи, само четири литри на метар квадратен.

„Оваа недела, особено на почетокот, се очекува стабилизирање на времето со повремена облачност, но со пониски утрински температури, кои нема да бидат негативни, што ќе овозможи берба на касните сорти десертно грозје, жетва на пченка, жетва на сончоглед, берба на тутун, берби кај градинарски култури,… Во текот на втората половина од неделата повторно ќе има услови за повремени врнежи кои очекуваме дополнително да ја подобрат почвената влага, неопходна за есенската сеидба, а се очекува и покачување на утринските и на дневните температури кои треба да достигнат од 21 – 23 степени“, истакнуваат агрометеоролозите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира