УХМР: Подгответе се за дожд, па за нов топлотен бран со температури над 40 степени

Facebook
Twitter
Email
Print
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Времето утре во земјава ќе биде нестабилно, со локални врнежи од пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според синоптичарите, во среда услови за појава на нестабилност ќе има претежно во планинските региони.

Од четврток следува значителна промена на временските прилики и период на многу топло време. За време на викендот се очекува дневните температури на повеќе места низ земјава да надминат 40 степени.

Денеска низ земјава преовладува сончево и топло време со мала локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималните температури се движат во интервал од 30 до 37 степени.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци