Училишниот парламент при ООУ „Кочо Рацин“ со хуманитарна акција за социјално загрозени ученици

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

По повод 100 годишнината од поставувањето на камен темелникот на ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп, Училишниот  парламент при ова училиште организираше хуманитарна акција за набавување на намирници за социјално загрозените ученици од ова училиште за Новогодишните празници.

„Од набавените намирници како што се брашно, шеќер, ориз, млечни производи, производи за лична хигиена, конзервирана храна, хемиски производи и др. составивме пакети и ќе ги поделиме на социјално загрозените ученици. Хуманитарната акција беше спроведена во текот на месец декември со изработка на приврзоци и нивно продавање на учениците и училишниот колектив. Им се заблагодаруваме на сите членови на ученичкиот парламент, на стручните служби и на нашата директорка без кои оваа хуманитарна акција не би била успешна. Исто така изразуваме огромна благодарност до сите родители кои помогнаа оваа акција да биде успешна“, истакнаа од Училишниот парламент на ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира