Филипче: Вирусот е различен од ноември, лекувањето трае подолго, компликации се јавуваат и кај млади лица и на 13ти, 14ти ден

 

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција за нови рестриктивни мерки нагласи дека се соочуваме со бран од мутација на вирусот која сега е различен и многу поопасен.

„Имаме голем број на хоспитализирани пациенти, лекувањето трае нешто подолго во однос на минатата година и тоа е дополнителен терен на сите болници и здравствените работници. Сметаме дека празниците кои доаѓаат може да ја комплицираат епидемиолошката состојба и не сакаме да дозволиме да се случи дополнително оптоварување и затоа се сите овие мерки и рестрикции. Состојбата во регионот е слична и во многу други земји се соочуваат со исто така силен бран. Ангажирани се сите болнички капацитети и во функција се сите ковид – болници. Има намалување на инциденцата во некои градови, но во Куманово, Битола, Кичево и Тетово со уште висока инциденца“, изјави Филипче.

Зголемен е бројот на хоспитализирани, а лекувањето сега трае многу подолго од претходно. Забележано е и влошување на состојбата и кај млади пациенти.

„Имаме една клиничка слика која е многу поразлична. За разлика од претходниот бран кога за 14 дена пациентите оздравуваа, сега на 12 или 13 ден има влошување на состојбата и на млади пациенти, кои за жал завршува и фатално, поради нагло влошување на клиничката слика на белите дробови и на крвта. Смртноста е висока секаде и болеста е еднаква секаде“, додаде Филипче.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира