Филипче: Овозможивме слободни и независни медиуми и сме први во регионот

Facebook
Twitter
Email
Print
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Позитивните политики и пристап на СДСМ кон медиумите, се потврдија со тоа што Северна Македонија е најдобро рангирана земја во регионот по слобода на медиуи, истакна д-р Венко Филипче  носител на листа во Изборната единица 4 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина.

„Македонија во 2024 година го постигна сопствениот рекорд во последните 15 години во Индексот на слободата на медиумите според „Репортери без граници“. Годинава се наоѓа на 36-то место и е најдобро рангирана од сите земји во регионот. Ова е потврда за позитивните политики и пристап на СДСМ кон медиумите. Слободни медиуми се слика на секое демократско општество“, смета Филипче.

Тој посочи дека граѓаните не треба да дозволат да ја изгубиме демократијата и слободата.

„Без слобода, без независни медиуми, без професионални новинари ќе го изгубиме и развојот и напредокот на државата. Уште многу треба да се направи за подобрување на општата медиумска ситуација во земјата, но курсот кој го поставивме е правилен“, вели д-р Филипче.

Носителот на листата во Изборната единица 4 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Филипче истакна дека во следниот мандат СДСМ мора да се фокусира на повисок животен стандард на новинарските и медиумските работници.

„Тоа директно ќе влијае на објективност во известувањето, во служба на граѓаните, а не во политичките и бизнис елити“, рече Филипче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира