Филипче: Пациентите доцна доаѓаат во болница со лоша клиничка слика и лоша сатурација

Facebook
Twitter
Email
Print

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Големата смртност на пациенти болни од ковид-19 се должи на тоа дека долго време се лекуваат надвор од болница и доаѓаат доцна со лоши параметри, а голем дел од починатите биле со карцином, нерегулиран дијабетес, срцеви заболувања, имале повеќе хируршки интервенции, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.

„Од смртни случаи најголем број се над 70 години, а тие пациенти имаат и хронични заболувања, дијабет, кардиоваскуларен систем, болести на белите дробови.Се забележува дека долго се лекуваат надвор од болнички услови и доаѓаат доцна со лоша клиничка слика и лоша сатурација“, вели Филипче.

За смртноста на помлади пациенти, Филипче кажа дека тие лица не се вакцинирани, и повтори за случајот од 28 август кога пациент на 24 години на своја одговорност ја напушти болницата во Ресен и почина. Мал е бројот на починати, а вакцинирани лица, додаде тој.

За честите реакции во јавноста за начинот на лекување на матичните лекари и протоколите , Филипче кажа дека во секоја болница има соодветен протокол, никаде во светот нема унифициран пристап.

„Секаде има препораки за лекување во зависност од тежината на клиничката слика. Кај нас во секој Ковид-центар има пулмолог или инфектолог кои работат по препораки“, кажа Филипче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира